На плоштадот Коѕија во Атина синоќа со почеток во 18 часот се одржала таканаречената „Ноќ на желбите“ каде жителите на Атина по овој повод запалиле лампиони.
Настанот кој бил осмислен пред пет години и сега е традиција, собрал голем број жители, но и бројни други заинтересирани, кои учествувале во создавањето на прекрасни сцени.
Плоштадот пред градското собрание блескал од сјајот на лампионите, а на многумина им донел надеж, топлина и радост. Жителите и посетителите се собираат на плоштадот Коѕија за да ги добијат своите хартиени и биоразградливи лампиони кои симболизираат надеж и среќа.
@solsaltiel @Freshhotel #athens #athensgreece #christmas #athensbynight #xmas #lights #sky #greece #greektiktok ♬ We Wish You A Merry Christmas (TikTok Version 1) – Elsa Japasal
Палејќи ги лампионите и пуштајќи ги тие направиле прекрасна глетка на ноќното небо, а потоа на плоштадот се одржал неформален собир.
Градоначалникот на Атина, Харис Дукас, претходно го доловил духот на вечерта, поканувајќи ги сите кои се во можност да присуствуваат и да бидат сведоци на глетките што не треба да се пропуштат.
За сите кои не можеле да дојдат на овој уникатен настан, атмосферата можеле да ја проследат преку радио станицата Атина 9.84 која во живо ја пренесувала „Ноќта на желбите“.
Фото: Принтскрин/Instagram/TikTok