Добитничката на Оскар, Дајана Китон, почина на 79-годишна возраст, а сега се откриени некои непознати детали од нејзиниот живот, непосредно пред нејзината смрт.
Веста за смртта на една од најдобрите актерки од последниот половина век во Холивуд, Дајана Китон, дојде откако неодамна го ставила на продажба својот „дом од соништата“ во Лос Анџелес, а извори блиски до актерката наведуваат дека причината е ненадејното влошување на нејзиното здравје.
Здравјето на Дајана Китон, според извор за People, драстично се влошило во последните месеци, а таа дури и не ги информирала своите најблиски пријатели за нејзината борба. Додека приватно се справувала со здравствени проблеми, таа во март одлучила да го продаде имотот што го сметала за свој постојан дом.
View this post on Instagram
Куќата од бајките на продажба
Одлуката за продажба ги изненадила многумина што ја познавале, бидејќи таа често велела дека планира да остане во куќата засекогаш. Актерката, позната по својата страст за дизајн на ентериер, дури напишала и книга за својот сакан дом наречена „Куќата што ја изгради Pinterest“. Во огласот, таа изјавила дека го продава имотот со пет спални соби и седум бањи за 29 милиони долари.
Откако ја купила куќата, Китон поминала речиси една деценија реновирајќи ја, а се вселила во неа дури во 2017 година. Во книгата, таа открилаа дека инспирацијата за домот ја пронашла во познатата детска басна „Трите мали прасиња“, сеќавајќи се како нејзината мајка ѝ ја читала приказната. Таа одлучила дека сака да живее во неуништливиот дом на третото прасе, изграден од тули.
View this post on Instagram
„Знаев дека ќе живеам во куќа од тули кога ќе пораснам“, напишала таа.
Последните месеци во изолација
По веста за нејзината смрт, пријател на актерката открил дека Китон тајно се борела со прогресивна болест.
„Нејзината состојба се влошувала многу брзо, што било катастрофално за сите што ја сакале“, изјавил тој за списанието People.
Во последните месеци, таа била опкружена само со нејзиното најблиско семејство, кое одлучило сè да чува приватно.
„Дури и долгогодишните пријатели не беа целосно свесни што се случува“, додал изворот.
Со години, актерката имала утврдена рутина во својот дом во Брентвуд.
„Таа го сакаше своето соседство. До пред само неколку месеци, го шеташе своето куче секој ден“, рекол изворот, додавајќи дека нејзините дневни прошетки престанале во месеците пред нејзината смрт.
„Таа секогаш беше многу слатка, забавна и зборлеста. Разговараше со своето куче како да е личност. Беше ексцентрична и ја имаше таа стара холивудска аура. Беше многу, многу посебна“, заклучил изворот.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни