Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на светот денеска го слави својот 30-ти роденден.
Сомборецот, кој е роден на 19 февруари 1995 година, е одличен оваа сезона и се надева дека ќе го освои MVP трофејот по четврти пат.
Сезонава има просек од 29,8 поени (3. во лигата), 12,6 скока (4. во лигата) и 10,2 асистенции (втор во лигата), а оваа сезона има остварено трипл-дабл учинок 25 пати. За споредба, втор на листата со трипл-дабл учинок сезонава е Леброн Џејмс, кој тоа го постигна „само“ десет пати.
Јокиќ почнал да се занимава со кошарка во својот роден град Сомбор, а како тинејџер се преселил во Нови Сад каде настапувал за Војводина. Потоа се пресели во Мега Баскет, а откако беше прогласен за МВП на АБА лигата во 2015 година се пресели во НБА.
View this post on Instagram
Денвер го избрал во 41-от вкупен пик, а на почетокот на кариерата во НБА му бил резерва на Јусуф Нуркиќ. Кога Нуркиќ бил трејдуван во Портланд, Јокиќ ја искористи можноста и се подобруваше од година во година, станувајќи елитен играч по само неколку сезони.
Тој ја освои наградата за MVP на NBA во 2021, 2022 и 2024 година, а во 2023 година го предводеше Денвер до шампионската титула.
Со оглед на нивото на игра што го пружа, но и фактот дека тоа не зависи од физичките предиспозиции, нема дилема дека и во наредните години ќе продолжиме да зборуваме за Јокиќ како за еден од најдобрите, ако не и најдобар кошаркар на светот.
Затоа – да уживаме во изведбите на уникатен играч кој одново и одново покажува дека кошарката е игра на вистинска вештина и дека мозокот е поважен од мускулите и рефлексите во играта под обрачот.
Фото: Принтскрин/Instagram