Султанијата Хурем, една од најмоќните жени на Отоманската империја, беше брилијантно овековечена во мегапопуларната серија за Сулејман Величествениот. Со сета своја убавина и сјај, изникна од 16 век и заплови во нова ера, во која беше оживеана од Мерјем Узерли и Вахиде Перчин. Патиштата на познатите турски актерки неодамна повторно се вкрстиле на малите екрани.
Кога Мерјем Узерли без објаснување се повлече од „Сулејман Величествениот“, проект по кој ништо на турската телевизија не беше исто, Вахиде Перчин се вклучи за да го заземе нејзиното место и да стане новата султанија Хурем. Сепак, промената не им се допаднала на многу фанови на серијата, па се откажале да ја следат.
Двете актерки тогаш немале можност да се сретнат. Мерјем никогаш не се вратила на снимањето, а и требало и време повторно да ја посети Турција. Причината, како што објавија медиумите, биле психички проблеми и депресија. Се шпекулираше и дека се обидела да се самоубие. За среќа, таа успеала да ги победи своите демони и да се врати на работа, а неодамна го споделила екранот со истата колешка која ја заменила во „Сулејман“.
Тие две се запознале многу години подоцна, кога серијата влезе во историјата на ТВ заедно со главните ликови. „Првата средба беше многу емотивна“, открила Вахиде.
„Се прегрнавме како една на друга многу да си недостасувавме, иако прв пат се гледавме. Таа е многу љубезна и вредна жена, многу сум среќна што ја запознав. Многу сакав да ја видам. Чекав со години”.
Султанијата Хурем ги споила на посебен начин, на повисоко, духовно ниво, а ни Мерием Узерли не штедела на комплименти:
„Вахиде е неверојатна личност. Ја сакам многу, има огромно срце. Нашата прва средба беше неверојатно топла, а работата со неа беше награда”.
Заедничкото дело се однесува на серијалот „Династијата на Шакир-паша“, чиј заплет е сместен во првите децении на минатиот век.
Меѓутоа, ако им се верува на изворите од сетот, постои голема веројатност Вахиде наскоро да го напушти проектот.
„Вахиде не е задоволна од условите за работа. Не само што неодамна за малку ќе загинеше во пожар што го зафати сетот, туку и продукцијата сега најавува промени во приказната! Имено, ќе има петгодишен скок, некои ликови ќе треба да го напуштат проектот, додека судбината на другите ќе се промени и тоа воопшто не ѝ се допадна“, рекол извор.
Изворот додал дека Вахиде Перчин веќе разговарала со продуцентот Фатих Аксој за тоа, но дека се чувствува како да не постигнала ништо.
„Фатих рече дека не би сакал да им ги сече крилата на писателите и да им се меша во работата. Таа беше разочарана, мислеше дека нешто се прашува, бидејќи таа беше главната актерка во проектот, но очигледно ја третираат како најмалку важни членови на екипата“, вели изворот, додавајќи дека доколку сценариото не се смени, Вахиде наскоро ќе се збогува со серијата.
За потсетување, актерката и претходно имаше проблем со Фатих Аксој, за време на снимањето на серијата „Се викаше Фериха“. Таа го напуштила тој проект бидејќи морала да се лекува од рак. Било договорено да се врати на сетот веднаш штом закрепне, а кога завршила со хемотерапија, вратата ја нашла затворена – Аксој и рекол дека веќе нема место за неа во приказната, што многу ја погодила актерката.
Фото: Принтскрин/YouTube