(ВИДЕО) Богата и свечена посна погача: Идеална за деновите на пост и слави!

Иако сигурно имате доста посни рецепти кои со години ги користите за деновите на пост или доколку славите посна слава, сигурно ќе ви се допадне и овој што ви го предлагаме…
Состојки: 500 мл млака вода,750 – 800 г брашно, 30 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажица посен маргарин, малку сол, сусам и крупна сол.
Подготовка:во малку млака вода истопете го квасецот, додајте шеќер, остатокот вода и брашно па замесете средно тврдо тесто. Оставете да стасува. Тестото расукајте го во правоаголник и намачкајте со малку посен маргарин.
Завиткајте во ролат. Исечете помал дел и ставете го во средина на округла тава која сте ја намачкале со масло и ставиле хартија за печење.
Остатокот тесто ставете го околу средината на кругот и покријте да стасува. Со помош на остар нож сечете триаголници (како во видеото). Намачкајте со масло и наросете со сусам. Печете во рерна загреана на 200 степени 40 – 45. минути.
Врелата погача намачкајте ја со малку псоен маргарин да омекне.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …