(ВИДЕО) 70-годишна жена си изградила совршена мала куќа, наместо во старечки дом живее тука: Светот му се восхитува на ова ремек дело


Филипа го обиколила светот, изградила кариера, има деца и внуци, а потоа одлучила да живее во сопствената мала куќа од бајки во природа наместо во старечки дом.
Филипа живее во Нов Зеланд и откако живеела прилично богат живот и постигнала многу, решила да си изгради совршена куќа за уживање во староста.
Нејзината куќа е заоблена, без остри рабови, со многу прозорци и светларници, опремена со мебел во бела боја и дрво, во идиличен амбиент, совршена природа.

Топлината и удобноста се она со што зрачи овој дом.


„Оваа куќа ми пее на душата“, вели Филипа, која сега живее совршено мирно во куќа што сама ја дизајнирала и изградила со помош на архитект.


Секој прозорец, секое парче мебел е специјално дизајнирано, а најдоброто нешто во сето тоа е што оваа куќа е мала, токму за една постара дама.

„Чекав 70 години да ја изградам оваа куќа и испадна точно како што сонував“, вели Филипа додека го покажува својот дом.


Погледнете ја нашата галерија за да видите како изгледаат собите во оваа куќа:

Куќата што таа ја изградила можеби е мала, но парцелата на која се наоѓа е огромна. Се е во дрвја и трева, па Филипа го поминува денот шетајќи боса по својот имот. Негува мала градина, ужива во животот со поглед на природата, додека нејзината парцела е доволно далеку од градот за да може да стигне таму кога и да треба.
„Куќата е доволно голема за мене, а има место и за внуците кога ќе дојдат“, вели Филипа, која на 70-годишна возраст си го создала животот што отсекогаш го посакувала во куќата за која отсекогаш сонувала.

Нејзината приказна погледнете ја во видеото подолу:

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фото: Википедија

Рокенрол легендата Кит Ричардс денес го прославува својот 82. роденден

Кит Ричардс е роден на 18 декември 1943 година. Тој е еден од највлијателните гитаристи …