СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Утрешната ноќ ни носи снег и во градовите!

Следува понатамошно спуштање на студената воздушна маса од Арктикот кон Македонија.

Во текот на утрешната вечер, и ноќта кон вторник врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка, информира Попоски од Метеоаларм.


На планините и на Скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка (до вторник наутро и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).

Од вторник ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.


Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.


Пред нас е значително постуден период и вистинска зима.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …