Соединување на две познати галаксии

Samsung и Војна на ѕвездите ќе ги израдуваат своите фанови со уникатно издание на Note10+

Во пресрет на продолжението на легендарното филмско остварување,Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер, чија премиера е закажана за во декември оваа година, компанијата Samsung Electronics го претстави специјалното издание на Galaxy Note10+ моделот.


Преку соработката со продукциската куќа Lucasfilm и изданието кое содржи специјално дизајниран телефон, маска, значка за колекционери, S Pen и безжични слушалки,соединети се две галаксии. Покрај тоа, пакетот доаѓа со посебни теми, анимации, икони и мелодија кои ќе предизвикат еуфорија кај секој фан на познатата франшиза.


Од претставувањето во август оваа година, паметните телефони Note10+ ги направија милиони луѓе низ целата планета повеќе продуктивни и покреативни. Моделот кој е истовремено вистинско уметничко дело, комбинира импресивен дизајн и моќни перформанси со ефикасни алатки и врвна камера. Со претставувањето на специјалното издание,Samsung ќе ги инспирира фановите на легендарната франшиза да ги одбележат сите свои легендарни моменти. За повеќе детали за специјалното издание, погледнете на: https://www.samsung.com/global/galaxy/campaigns/star-wars-ix-collaboration/


Специјалното издание Galaxy Note10+ Star Wars™ ќе биде достапно на одредени пазари од 10. декември. Соработката на двете галаксии беше најавена во октомври, а продолжението следеше во вид на мини филм, во чиј фокус е дете кое сака да вдоми напуштено куче. Самото куче неодоливо потсетува на култниот Чубака и дететоза време на траење на филмот, користејќи носечки уреди на Samsung, како Galaxy Note10, Note10+, Watch Active2 и Tab S6, се труди да го убеди семејството да го посвојат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …