Samsung Neo QLED телевизорите добитници на првиот официјален сертификат за гејминг

КомпанијатаSamsung Electronics објави дека годинешнатаNeo QLED серија на телевизори е добитник на првиот официјален сертификат за гејмингво ТВ индустријата.Станува збор заGaming TV Performance сертификатот,што го издава познатиот германски инженерски институтVerband Deutscher Elektrotechniker, аNeo QLED телевизорите заслужено се здобија со истиот, благодарение нанамалувањето во доцнењето на одзивот од 10 ms, HDR технологијата,како и приказот на светлина поголема од 1000 нити.

 


„Сèповеќе гејмери бараат и очекуваат максимум од своите телевизори, кога се работи за големина на екранот и врвен квалитет на сликата. Тоа се некои од главните насоки при купување на нов телевизор, а Samsung го препозна истото и продолжува со развој на телевизиските иновации, кои ќе ги задоволат и најспецифичните корисници“, изјави Yonghoon Choi, потпретседател на Одделението за визуелни решенија во компанијата Samsung Electronics.

 


Neo QLED моделите на телевизори, кои се здобија со сертификат, се QN900, QN800, QN90 и QN85, по ригорозни тестови за перформансите и стрес-тестови на хардверот. Покрај клучните карактеристики, како намалување на доцнењето на одзивот од 10ms, поддршката за HDR и нивото на приказот на светлина над 1000 нити, Neo QLED телевизорите се одликуваат и со брзина на освежување на сликата од 120 Hz, благодарение на Motion Xcelerator Turbo+технологијата, како и волумен на бојата од 100 нити и сооднос од 21:9, односно 32:9. Телевизорот лесно се префрла во гејминг начин на работа со помош на Game View и Game Bar опцијата, а врвниот квалитет на звукот обезбедува Object Tracking Sound+, технологија која следи движење на објекти по екранот и прецизно го репродуцира звукот за максимално реалистично чувство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …