(Рецепт) Колач со јаболка, ореви и џем за пост на вода

Едноставен колач без масло, идеален за пост на вода. Сочните јаболка, крцкавите ореви и овошниот џем создаваат совршена комбинација на вкусови.
Состојки:
1 чаша млака вода
половина чаша шеќер
2 чаши брашно
1 шолја сечкани или мелени ореви
2 лажици џем од сливи
3 големи рендани јаболка
1 кесичка прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
цимет по вкус
Подготовка:
Овој посен колач со јаболка, јаткасти плодови и џем е направен без масло и е совршен за деновите на постот на вода. Сочни, мирисни и богати со вкус, а сепак лесно се подготвуваат со состојки кои повеќето од нас веќе ги имаат дома. Комбинацијата од јаболка, цимет и џем му дава посебна арома, додека јаткастите плодови придонесуваат за крцкавата текстура.
Измешајте ги сите состојки во сад и истурете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека убаво не порумени и чепкалката за заби не излезе сува кога ќе го прободите колачот.
+Изберете слатки јаболка како ајдарет или златен елишес – нема да треба да додавате многу шеќер.
Џемот од кајсии, сливи или рибизли најдобро одговара со јаболка и ореви.
По желба додадете малку рендана кора од лимон за освежителна арома.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Носела само накит – Ирина Шајк смело го најавила своето појавување на карневалот во Рио: Позирала потполно гола

Ирина Шајк се огласи на Инстаграм за да се пофали со фотографија на која позира …