Рекорден број нови композиции за 26. издание на Фестивалот „Охрид Фест – Охридски трубадури“

За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5. до 7. септември годинава, доставени се рекорден број нови песни. На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалу две стотини демо снимки. 
Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот  директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот. Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, истакнува Копров.  


Согласно условите за учество, до организаторите требаше да се испратат демо снимки и текст на македонски јазик, со име на композицијата, податоци за авторите и со назнака за која фестивалска вечер е наменета песната  – Поп, Фолк или Интернационална.
Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти. Имено,фестивалот  „Охрид Фест – Охридски трубадури“ ќе одбере и двајца дебитанти, кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …