Починал пејач од „Никогаш не е доцна“: Заминал на 59 години


БОРИВОЈЕ Јовановиќ, кого публиката го запозна на натпреварот „Никогаш не е доцна“ под името Бора Мерцедес, починал вчера по борба со тешка болест.
– Вашите песни ќе останат со нас засекогаш. Дадовте огромен придонес во зачувувањето на традиционалната ромска музика, а во исто време создадовте нови, современи мелодии и текстови кои ќе траат. Бевте еден од најдобрите гласови што некогаш сум ги слушнал и вашата музика секогаш ќе има место во нашите срца. Почивајте во мир – објавил Стева Николиќ за „Гранд“.

Кој беше Бора Мерцедес?
Бора Мерцедес почина на 59 години во Виена, каде што живееше и работеше со децении.


Во шоуто „Никогаш не е доцна“, пејачот ги освои срцата на публиката со својот глас и духовитост. Тој во емисијата рече дека бил принуден да почне да работи како таксист, и иако одамна снимил албум, не успеал да оствари пејачка кариера.
Боривоје Јовановиќ, попознат како Бора Мерцедес, е роден на 1 март 1966 година во Стара Пазова.


Фото: Принтскрин/Grand onlajn

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

„Светот на Биби“ започнува ново, значајно поглавје. По години посветеност и создавање детска едукативна содржина …

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */