Почина легендарниот театарски и филмски актер Мето Јовановски

Република Македонија од денеска е посиромашна за едно големо име – на 77-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер мето Јовановски.

Почина легендарниот актер Мето Јовановски. Тој беше роден на 17-ти јануари 1946 година, во с. Панчарево, Пехчевско.


Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.


Едни од омилените улоги на Јовановски на македонската публика се оние од филмовите „Среќна Нова 49“, „Тетовирани души“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“ итн.

Тој е добитник на бројни награди, меѓу кои „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир 2022 итн.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …