Пејачот чии песни будат море од емоции на концерт во Скопје: Пеѓа Јовановиќ и неговиот „Big Concert Orchestra“ на 5-ти април во С.Ц. „Јане Сандански“

Пеѓа Јовановиќ, човекот кој со своите песни и настапи буди море од емоции, е дефинитивно еден од најпопуларните и најбараните пејачи на Балканот во последниве неколку години. Неговиот прв солистички концерт во Белград во ноември 2022 година означи почеток на серија успешни настапи кои го зацврстија неговото место на врвот на музичката сцена.


Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.



Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни кои ги растреперуваат чувствата, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот, поинаква димензија преку неговиот уникатен стил на изведба и интерпретација.
Сега, со особено задоволство Евент продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во сабота, 5-ти април, во С.Ц. „Јане Сандански“.
Не пропуштајте ја оваа музичка вечер која ветува единствено и незаборавно доживување кое потоа долго се прераскажува!

Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Послаба од било кога – Опра Винфри на доделувањето на Оскарите се појавила во елегантна комбинација: Нејзината витка линија привлекла посебно внимание

Опра Винфри на доделувањето на Оскарите се појави во елегантна комбинација, а многумина на социјалните …