ПАЛЕШКА нова куклена претстава на репертоарот на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје

На 24 декември 2021, со почеток од 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци, премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Палешка“, во режија на Давор Драгојевиќ од Црна Гора.
– Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како различноста и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. Мајсторски изработените кукли водени со совршена прецизност и чувство од сите актери во екипата на сцената создаваат магија со која ќе се соживеат и децата и возрасните, велат од тимот на претставата.
Покрај режијата и драматизацијата е на Давор Драгојевиќ, додека преводот, адаптацијата и драматургијата е на Драгана Лукан Николоски.

This image has an empty alt attribute; its file name is paleska.jpg
Во претставата играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.
Сценографијата, костимите, дизајнот и изработката на куклите се на Кирил Василев, а композитор е Алек Родиќ.
Режисерот Драгојевиќ, во име на претставата ќе запише:
„…Мечтајтезадалетнете
Неканевибидестрав
И големи и малечки
Вилинскивеносиправ.
Уживајте и љубете
Некасрцетовипее
Знајтедекакај и дасте
Мајчинскатаљубовгрее.“
Првата реприза на „Палешка“ е закажана за 25 декември 2021 од 19 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …