Од женски агол: Каков колаген да користам, и дали ми е потребен?

Производите со колаген се повеќе го предизвикуваат нашето внимание. Постојат различни креми, серуми, додатоци во исхраната, кои ни испраќаат порака дека ја подобруваат еластичноста на кожата и го забавуваат стареењето, дека ја обновуваат рскавицата, зглобовите…дека се добри за коските.

Што е колаген и зошто му е потребен на телото?


Колагенот е вид протеин кој е најзастапен во нашето тело. Тој е важен дел од сврзните ткива на телото и, едноставно кажано, ги држи клетките споени. Постојат околу 28 вида колаген и сите имаат различна структура, но се со генерално слична задача во нашиот организам. Колагенот како што често се нарекува и “еликсир на младоста” е клучна компонента одговорна за силата, еластичноста и регенерацијата на различните ткива во човечкото тело. Колагенот е неопходен за нормално функционирање на многу делови од нашето тело. Се наоѓа во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и во нашите внатрешни органи. А како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува – оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. А потребата од негово внесување се наметнува веќе по 20-тата година.

Дали кремите и серумите со колаген се ефикасни?


Колагенот најпрво почна да се појавува на пазарот како состојка во серуми и креми. Се верува дека овие продукти ѝ ја враќаат еластичноста на кожата и го забавуваат процесот на стареење бидејќи ја потхрануваат со колаген. Но, сепак некои експерти се сомневаат за ефикасноста на овие продукти од едноставна причина – колагенот не се наоѓа на површината на кожата, туку во подлабоките слоеви. А, кремите и серумите не можат да продрат толку длабоко. Од друга страна, некои истражувања покажале дека серумите со хијалуронска киселина можат да го поттикнат производството на колаген и позитивно делуваат за кожата. Генерално, потребни се дополнителни истражувања!

Како да откријам кој колаген е за мене?


Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“ што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.

Дали суплементите со колаген се ефикасни?

Денес постојат и суплементи со колаген – можат да се купат како апчиња или прашок, а постои и храна збогатена со колаген. Според истражувањата, овие суплементи може да бидат поефикасни од кремите и серумите. Важно е да се напомене дека истражувањата за суплементи со колаген обично се фокусираат на здравствените придобивки, како здравјето на зглобовите и здравствената состојба на кожата. Ако забележувате дека кај вас суплементите имаат позитивен ефект, слободно продолжете да ги земате. Досегашните истражувања не покажале дека суплементите со колаген имаат несакани ефекти.

Повеќето од суплементите со колаген се од животинско потекло, а доколку сте веган или вегетаријанец, важно е да знаете дека постои морски колаген  кој се добива од кожата на рибите што живеат во океаните (див улов). Морскиот колаген е класифициран како колаген од Тип 1. Колагенот тип 1 е најзастапената форма на колаген во телото и се наоѓа во тетивите, лигаментите, кожата, коските, забите, косата и ноктите.

Што да се користи за зглобови?

Дефинитивно колаген тип 2, говедски а го препорачуваме колагенот АРБОРЕАЛ Пептан Матрикс кој e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, и е произведен по француска технологија. Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/

Како да го одржувате оптималното ниво на колаген?

Покрај здравата исхрана, постојат некои мали животни промени кои ќе ви помогнат да го одржувате нивото на колаген во организмот, а со тоа да ги чувствувате и придобивките од него:

  • Носете крем со заштитен фактор секогаш кога излегувате на сонце
  • Спијте доволно
  • Избегнувајте пушење и престој во просторија со чад од цигари
  • Контролирајте го стресот – високото ниво на кортизол може да го намали производството на колаген во организмот
  • Вежбајте – Многу движење, здрава исхрана и храна богата со колаген помага да се надокнади недостатокот на овој протеин во организмот. Но тоа некогаш не е доволно, потребен ни е Матрикс колагенот од Арбореал кој е уникатен на пазарот и кој ги содржи двата најважни типа на колаген 1 и 2 неопходни за организмот.

Ние одбираме здрави навики и секако единствениот колаген!

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …