Од вечерва три проекции на филмот „М“ во „Котур“, по проекцијата разговор со режисерот Вардан Тозија

Вечерва (13.11) со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи проекција на играниот филм М на Вардан Тозија, по проекцијата следи разговор со режисерот.

Билет: 150мкд


Дати на следни проекции:
Вторник, 14.11 од 19:30 часот;
Недела, 19.11 од 19:30 часот;
Понеделник 20.11 од 19:30 часот;
Вторник 21.11 од 19:30 часот.
(Поради ограничениот број на места потребно е да го резервирате или купите својот билет од @koturkafeifilm )

М (игран филм)

режија: Вардан тозија сценарио: Вардан Тозија и Даријан Пејовски


Синопсис: Малиот Марко живее во зафрлена шума, под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност да види еден засекогаш променет свет.

Улоги: Матеј Сиваков (Марко), Сашко Коцев (таткото), Александар Ничовски (Мико), Камка Тоциновски (мајката на Мико), Тони Михајловски (Јон), Бојана Грегориќ Вејзовиќ (жената војник), Верица Недеска Трајкова (мајката на Марко), Владимир Тулиев (човекот со мантил), Оливер Митковски (слабиот).


снимател: Владимир Самоиловски

сценограф: Кирил Спасески Кикич

костимограф: Андреа Кустовиќ, Николина Костаншек

маска и шминка: Горан Игњатовски

композитор: Натанаел Бергесе

монтажа: Атанас Георгиев и Благоја Неделковски

продуцент: Дарко Попов (Фокус Покус Филмс), Вардан Тозија копродуценти: Анита Јука (4 Film), Патрис Незан и Лорен Версини (Les Contes Modernes), Валон Бајгора и Газменд Нела (In My Country Postproduction), Адолф Ел Ассал (Wady Films).

Официјална копродукција помеѓу: Македонија / Хрватска / Косово / Франција / Луксембург

жанр: фантастична драма

времетраење: 99 минути

M / ISAN 0000-0005-6735-0000-U-0000-0000-L / 2023 Фокус Покус Филмс, 2023

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …