На 17.05.2025 во просториите на клубот Лабораториум – Скопје, се случи слушачко/свирачката промоција на деби албумот на супер-групата Педро Хоризонте, во која членуваат истакнати имиња од македонската рок сцена кои се на истата присутни повеќе од 30 години (Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевски, Владимир Митревски)
Албумот брои 11 композиции и истиот може да се набави на ЦД и Усб физички формат а овие денови излегува и на Јутуб и сите можни платформи за музика под етикетата на Дистрокидс Рекордс.
Сниман и миксуван од страна на Дени Крстев (Студио1060) и од страна на Владимир Митревски.
Текстот, аранжманите и музиката се на Петар Младеновски и Гога Поп Георгиевски