Денешниот фестивалски ден на Интернационалниот фестивал на монодрама, започнува на Големата сцена на Центарот за култура во Битола, со почеток во 20:00 часот, со изведбата на монодрамата „Приказна за г-дин Сомер“ во продукција на Театар „Замок“ од Клајпеда, Литванија.
Режисер: Алвидас Визгирда
По текст на: Партик Зискинд
Актер: Ауримас Пинтулис
Возраст: 16+
Во оние денови кога се качував по дрвја, пред многу долго време, пред многу години и декади, кога едвај бев висок повеќе од еден метар и кога носев број дваесет и осум чевли, бев толку лесен што можев да летам(…) …во тие опкружувања, на помалку од два километри од нашата куќа, живееше маж по име “Господин Зомер”. Никој не знаеше кое е името на Господин Зомер – Питер, Пол, Хајнрих или Франц, или можеби требаше да се вика Доктор Зомер или Професор Зомер. Никој не знаеше дали Господин Зомер направил нешто или дали имаше некоја професија…” (П. Зискинд) Вака започнува приказната за мистериозниот човек во градот. Раскажана е од авторот. Ова е приказна за детството на еден млад човек,за неговата прва љубов, за луѓето од градот, за темпераментион професор по пиано, за малиот провинциски град и големиот свет на еден млад човек, во кој имаше од се по нешто: лекции, долг пат до училиште, љубов, разочарување, и многу впечатоци кои останаа врежани во него до крајот на животот. Монодрама што ќе ве потсети на магијата на секојдневието и мистериите зад секој лик што тивко минува покрај нас.
Програмата продолжува на новата сцена во Центар за култура во Битола, каде со почеток од 21:30 часот, ќе имате можност да ја погледнете монодрамата „Криг“ во продукција на Македонски Центар ИТИ. Експерименталниот видео театар КРИГ е постдрамска длабочина инспирирана од женската поезија КАЛЕСНИЦА од Светлана Христова (1970) и историските траги на војната.
Режисер: Иванка Апостолова Баскар
Актери: Здравко Стојмиров
Возраст: 16+
Експерименталниот видео театар КРИГ –Машка верзија (Војник во агонија), структуриран во неколку акциски делови: војник-машина, војник-човек, криг (војна), ескапизам – калесница, смрт, епитафи и пост-елегична состојба на телото и душата. Лик- војници во агонија сместени во апстрактна приказна за класични воени конфликти исполнета со херојство, илузија,агонија, страв, бес, лутина, болка, страдање, штета, шок од граната, задушување на виталноста, убиена желба и романтика, запечатен живот и смрт. Инспирација: Женската поезија на книгата КАЛЕСНИЦА од Светлана Христова (1970); Првата светска војна (Големата војна) Ирски, Германски, Британски, Српски, Грчки, Бугарски воени гробишта во Битола, Скопје, Прилеп, Скочивир, Цапари, Добровени, Валандово. Монодрама што се бори со себе, со сеќавањата и со немирот на една тишина по голема војна.
Билетите за вечерашнава фестивалска вечер можете да ги набавите на следниот линк: www.3dkinobitola.com