Бендот, препознатлив по своите ултра енергични и експлозивни концерти, зад себе има преку 250 концерти и 8 европски турнеи – што ги прави еден од само неколкуте од Македонија кои тоа успешно го реализирале до сега.
Изминатата година (2022) бендот на социјалните мрежи суптилно прослави 20 години од оформувањето, а по двата аудио синглови издадени есента, деновиве го промовираше и првиот видео-сингл насловен “Црно-бело / Black-white” од нивниот нов, шести по ред долгосвирачки албум “ENDLESS ENDEAVORS” кој пред неколку дена излезе и е достапен на сите дигитални аутлети.

Новиот албум ќе биде промовиран и во 12″ винилна форма на концертна промоција, која воедно ќе биде и јубилеен концерт по повод +20-годишнината на 25-ти март во Скопје.
Воедно, овој допис претставува и срдечна покана до вас да го забележите датумот и сте повеќе од поканети да присуствувате на настанот.