Никој и ништо не може да го присили мажот да ја донесе најважната одлука во својот живот, тој самиот одлучува кога е подготвен…
Долго време сте во врска, можеби дури и живеете заедно, но тој не може да ви предложи брак? Се прашувате кога конечно ќе одлучи да го направи тој чекор, чекор повеќе во вашата врска.
Тој ќе одлучи, но само кога нешто ќе му „кликне“, според неодамнешното истражување.

Мажите го чекаат вистински момент за да се женат. Всушност, тие не знаат кога или дали ќе дојде тој момент. Размислете дали сакате да чекате нешто што можеби никогаш нема да го дочекате. Одлуката е ваша.
Сигурно познаваме некои парови кои се во врска долго време, а сепак наместо да стапат во брак, тие раскинале. Бракот е голем и важен чекор и за жените и за мажите.

Кога мажот ќе сфати дека сè уште не е подготвен за него по толку време поминато во врска, тој си заминува. Тој нема да се жени по никоја цена.
Нема проблем да се биде ерген. Жената, од друга страна, може да се омажи само затоа што „дошло време“ за тоа.
Секој си има свое време. Некој е подготвен за брак во своите дваесетти години, а некој нема ни во триесеттите години. Дали е воопшто важно колку години имате? Не е ли најважно да ја пронајдете вистинската личност? Со вистинската личност, времето е секогаш вистинско.
Фото: Архива
ekran платформа за слободоумни