Најголемиот е-спорт настан оваа година во онлајн издание – А1 Game Festсо финале на 19 и 20 декември

Традиционално,трета година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK, го организира најочекуваниот е-спортнастан во земјата – А1 Game Fest, оваа година на 19 и 20 декември во онлајн издание.

Програматаза двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен онлајн викенд за гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите оние кои уживаат во гејмингот. Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите League of Legends, Fortnite, Tekken 7, Fifa21 како и забавниот Cosplay натпревар.


Пријавувањата за игрите започнува на 10 декември, а почеток на квалификациските натпревари е закажан за 12 декември. Финалето на настанот ќе се оддржи на 19 и 20 декември, кога сите љубители ќе имаат можност да го следат највозбудливиот дел на годинешнотогејминг доживување.


Оваа година квалификациите ќе се одржат ONLINE, додека пак финалните натпревари на најдобрите тимови и играчи ќе се одвиваат во живо, без публика под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директенпренос може да се следина Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.


Со уште побогат фонд на парични награди, многу изненадувања и подароци за онлајн публиката, ова издание е чекор поблиску до светските е-спорт настани.За детали околу  пријавувањето, учество воквалификациите, начинот на гласање како и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте наA1 Game Fest | Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …