Music Time Ви претставува, уникатен концерт на Македонска Филхармонија – “Ima Neka Tajna Veza – made in Sarajevo”

Почитувани со огромно задоволство сакаме да Ве информираме дека на 04.03.2023 во Филхармонија – Скопје со почеток од 20ч.  во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект,  “Ima Neka Tajna Veza – made in Sarajevo“.

Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува  безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други!


Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди:

Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар – (БиХ),


Марко Кутлиќ , Роберт Чолина – (ХР)

Влатко Лозаноски ЛОЗАНО, Агни Авшар – (MK)


Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на

https://www.karti.com.mk/ima-neka-tajna-veza.nspx

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …