МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 24. октомври ќе биде изведена на меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“, кој се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.

Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе), Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше). Премиерата на претставата „Кец на десетка“ според текстот на Митко Бојаџиски, a во режија на Драган Спасов―Дац и Јордан Симонов се одржа на 17 ноември 2017 година.


„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува и лесно комуницира со публиката. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Во желбата секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …