МАКЕДОНСКИОТ СТРИП НА ФЕСТИВАЛ ВО УЖИЦЕ, СРБИЈА

На покана на Градскиот културен центар на Ужице(соседна Србија) ,како еден од гостите на третото издание на стрип фестивалот „УЖИЧКИ СТРИП СУСРЕТИ” беше поканет и Томе Трајков-програм координаторот на Македонскиот стрип центар со седиште од Велес . Оваа посета е финансиски поддржана од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија и е дел од Годишната програма за Меѓународна соработка за 2024 г

Изјава на Томе Трајков “-Престојот во Ужице го искористив да присутните,преку посебна панел дискусија но и неформална комуникација , ги запознам со актуелната стрип сцена во Македонија . Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија и делување во интерес на македонските автори, стрип групации и воопшто целокупната наша стрип сцена. На крај организирав стрип изложба од домашни автори , учесници на последниот Интернационален стрип салон во Велес , како најзначајна стрип манифестација(фестивал ) во светот на 9та уметност во Македонија.


Беа изложени дела на македонски цртачи од понова генерација : Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма Дамњановска,Елена Апостоловска, Влера Чиче, Катерина Тери Николовска (сите од Скопје) ,потоа Методија Андоновски и Анастасија Недељковска од Куманово, Оливер Цветковски од Велес и на крај Теодора Христова и Михаела Васкоска од Битола. Како сценаристи на некои од делата беа застапени Ване Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип.

Од другите гости на овој фестивал ,повеќето реномирани стрип артисти од регионот, се слушнаа доста комплименти за талентот на изложените стрип автори, и изразена подготвеност за развивање на идна меѓународна стрип соработка ..”-нагласи Трајков


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …