КОНЦЕРТ на FUNK SHUI во Лабораториум!

Funk Shui ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, Виена, Гронинген, Белград, Нови Сад, Загреб, итн.), како и издавање на долгоочекуваниот албум “Никогаш Пак” на 31 Март 2023 кој резултираше со два распродадени концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар.

“По една година од издавањето на нивниот последен албум “Никогаш Пак”, Фанк Шуи со возбуда го најавуваат нивниот следен самостоен концерт во Скопје.
Концертот ќе се оддржи на 26 април на новата сцена во културно-едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 21 часот.”


POST LABORATORIUM INSTA 4×5 comp.jpg

Во Скопје има потреба од нешто ново и свежо што не е само уште еден центар за настани, бидејќи културно-образовниот дел од животот е многу повеќе од само настани. Лабораториум се труди да биде малку повеќе од културен центар и заедно со Фанк Шуи ви го најавуваат најголемиот музички настан до сега.


Билетите за концертот се во претпродажба од ПЕТОК (05.04) во 10 часот наутро, онлајн на www.ticketx.mk, како и во LAB Cafe.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …