Пред неколку години успехот на филмот бил гарантиран доколку во главната улога би се нашол некој голем глумец. Ѕвездите како Вил Смит, Том Круз и Џим Кери во деведесеттите биле неверојатно добро платени бидејќи тие биле тие кои ја доведувале публиката во кино салите.
Така Кери за улогата во филмот „The Cable Guy” во 1996. година бил платен 20. милиони долари бидејќи се претпоставувало дека филмот во првиот викенд толку ќе заработи.
Денес работите се малку поинакви. Поголема заработувачка повеќе гарантира франшизата отколку самите глумци.
Меѓутоа, поедини глумци и понатаму успеваат себе да си обезбедат голема заработувачка од улога, како Вин Дизел кој за филмот „The Fate and Furious“ бил платен 20. милиони долари и Даниел Крег кој остварил заработка од 25. милиони долари за следниот филм за Џемс Бонд.
Исто така важно е да се нагласи дека овие износи не биле однапред договорени туку подразбираат и процент од заработувачката на филмот.
Листата на најплатени улоги изгледа вака:
16. Ема Стон, “La la land“ – 26 милиони долари
15. Арнолд Шварценегер, “Terminator 3: Rise of the Machines“ – 29 милиони
14. Џим Кери, “Yes Man“ – 30 милиони
13. Том Хенкс, “Saving Private Ryan“ – 40 милиони
12. Камерон Дијаз, “Bad Teacher“ – 42 милиони
11. Роберт Дауни Јуниор, “The Avengers“ – 50 милиони
10. Леонардо ДиКаприо, “Inception“ – 50 милиони
9. Џек Николсон, “Batman“ 50 милиони
8. Џони Деп, “Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides“ – 55 милиони
7. Том Хенкс, “Forrest Gump“ – 60 милиони
6. Харисон Форд, “Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“ – 65 милиони
5. Џони Деп, “Alice in Wonderland“ – 68 милиони
4. Сандра Булок, “Gravity“ – 70 милиони
3. Том Круз, “Mission: Impossible – Ghost Protocol“ – 75 милиони
2. Вил Смит, “Men in Black 3“ – 100 милиони
1. Кијану Ривс,трилогија “The Matrix“ – 250 милиони