КАРЛ ЈУНГ ТВРДЕЛ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ДА НАПРАВИМЕ „МАЖ“ ОД МАШКО ДЕТЕ НА ОВОЈ НАЧИН: Едно е клучно!


Предизвиците на одгледувањето машки деца, Јунговиот концепт за „маж-дете“ и влијанието на претерано заштитнички настроените мајки врз емоционалната зависност на синовите, ограничувањето на машкоста и попречувањето на развојот на самосталноста
Психолозите често истакнуваат дека одгледувањето машки деца е особено сложен процес. Сепак, во современиот свет, предизвиците на воспитувањето се однесуваат не само на машките, туку и на женските потомци – подеднакво е тешко да се насочат децата на вистинскиот пат, да им се даде емоционална стабилност и да се подготват за возрасен живот. Традиционалните методи на воспитување се’ помалку и помалку одговараат на потребите на современото семејство, а често се појавуваат модели на однесување кои негативно влијаат на развојот на машкиот идентитет.

Комплексот „маж-дете“ и улогата на мајката
Во своите дела, Карл Јунг предупредил за опасностите од неправилно воспитување, истакнувајќи го формирањето на таканаречениот комплекс „маж-дете“. Овој комплекс се јавува кога мајката не само што му обезбедува на детето поддршка и љубов, туку и претерано го контролира неговиот живот, често поради лични емоционални потреби. На пример, ако таткото не ѝ посветува доволно внимание и поддршка на мајката, мајката може несвесно да ги бара кај синот. Резултатот е силна емоционална врска помеѓу мајката и детето, што може да го „задуши“ синот и да ја спречи неговата независност.


Како последица на тоа, синот станува зависен од мајката, неспособен сам да донесува одлуки и да презема одговорност. Додека му е дозволено да зависи од неа, неговата мајка ќе ги исправи неговите грешки и ќе донесе важни животни одлуки за него. Како што наведува книгата „Модерна јунговска клиничка пракса“:
„Еве еден човек кој стои пред вас, живее во минатото и се обидува да избега од студениот и суров свет што не може да го разбере. Неговата мајка е постојано покрај него, не покажувајќи никаква грижа дека нејзиниот син треба да порасне и да основа семејство. Вие сте сведоци на еден вид заговор помеѓу мајката и синот, каде што тие си помагаат еден на друг да избегаат од реалниот живот“.

Психолошки последици и потребата за независност
Таквиот модел на однесување има длабоки психолошки последици. Мажот, под постојано влијание на мајка си, често се обидува да се ослободи од нејзината контрола, но неговата иницијатива и издржливост остануваат парализирани.
Тој учи дека може да најде мир и среќа само преку односот со мајка си, што ја ограничува неговата способност да ја развие машкоста, храброста и решителноста потребни за самостоен живот. Јунг истакнува дека на таквите мажи би им била потребна емоционална поддршка надвор од мајчиниот круг за да можат да го преживеат раскинувањето со првата љубов во својот живот и да најдат независност.


Ова може да изгледа драматично, па дури и нереално, но суштината е јасна: мајките кои премногу ги штитат и контролираат своите деца, свесно или несвесно, ја ограничуваат нивната способност да станат независни, емоционално стабилни мажи.

Без присуство на татко или фигура која ја промовира независноста, синовите честопати не успеваат да достигнат психолошка зрелост. За здрав и независен живот, потребно е тие да се ослободат од емоционалната зависност што нивните мајки ја проектираат врз нив.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и …