Калиопи по синоќешната трагедија: Ова е најтажниот ден во мојата кариера…

Калиопи го откажа синоќешниот концерт откако една жена од публиката почина за време на настанот. Според медиумите, жената дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата.

За жал, брзата помош пристигнала за кратко време, но не успеале да ја спасат.


Калиопи синоќа на ноќта објави стори на Инстаграм и напиша дека и е многу тешко за трагедијата која се деси на нејзиниот концерт.

– Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Калиопи – стои во објавата на Истаграм.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …