Изложба на избрани дела настанати на фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно 2023“ во КИЦ

Во Културно информативен центар – Скопје, во среда, 8 ноември 2023 година, со почеток од 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на избрани дела настанати на фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно 2023“.

На завршната изложба ќе бидат претставени избрани дела настанати на работилниците за благородни фотографски процеси 10 – 16 јули, 2023, село Цапари.


Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да се запознаете со фотографски процеси кои никогаш не биле работени/презентирани во Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …