ИМАШЕ 7 ГОДИНИ И 3,6 КГ: НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ОВА МАЛЕЧКО ДЕТЕ ДЕНЕС

Во 2015 година Присила Морс видела фотографија од бебето Рајан кое на 7-годишна возраст тежело само 3,5 килограми. Но, поради нејзината љубов, животот на тоа момче целосно се сврте.

Дејвид и Присила имаат два биолошки сина, но во 2012 година решиле да ги отворат срцата за малото девојче Мекензи од Русија.


3-годишното момче имало Даунов синдром и проблеми со срцето, но на Морси тоа не му пречело. Две години откако беше посвоена, во 2014 година, Присила виде фотографија која не можеше да ја заборави. Фотографија на 6-годишно момче кое изгледало како бебе поради недостаток на храна и нега.

Момчето по име Рајан буквално пропаѓало во сиропиталиште во Бугарија и се предвидувало дека нема долго да живее доколку некој не го посвои. Тогаш Присила донела уште една несебична одлука.


Таа почувствува дека Бог и вели да го посвои Рајан: „Не знам како да го опишам тоа, но само знаеш кога ќе ги погледнеш. Одамна решивме дека ако сакаме да посвојуваме, тоа ќе бидат деца што никој друг не ги сака – деца во неразвиените земји кои се принудени да живеат во сиропиталишта“.

Парот набрзо почнал со процесот на посвојување.


Во 2015 година, Присила отиде во Бугарија да го земе Рајан. Имаше 7 години и само 3,5 килограми. Присила се присети: „Тој беше само кожа и коски. Тој буквално изгледаше како скелет. Мислев дека ќе умре“.

Рајан имаше многу здравствени проблеми, церебрална парализа, проблеми со нозете, проблеми со мозокот и големината на главата. Беше клучно да се лекува што е можно поскоро.

Момчето за малку ќе умрело од глад
Кога го однеле во болница, лекарите плачеле над него. Тие му кажале на парот дека не знаат како момчето е се уште живо. Рајан поминал еден месец во болница каде лекарите откриле дека има синдром каде неговото тело не складира вишок храна, туку веднаш ја исфрла.

„Беше многу тешко долго време“, рече Присила, „Некако, цело време се обидуваме да се заштитиме од тоа колку е сериозна ситуацијата и се обидуваме да притискаме еден ден“.

Рајан бил хранет преку цевка за да го зајакне неговото тело.

Наскоро станал посилен и лекарите можеле да почнат да му ги лечат другите болести. По неколку години, Рајан се трансформирал.

Рајан порасна многу, во исто време му се подобри говорот и може слободно да ги движи рацете. Во мај оваа година Рајан наполни 12 години и е навистина непрепознатлив.

Лекарите предвидуваат дека со многу терапија и третман, Рајан ќе може да го достигне својот целосен потенцијал. Но, седум години занемарување не можат да исчезнат во еден ден.

Иако Рајан има долг пат да помине, неговиот напредок е доказ дека никогаш не треба да се откажува.

„Секој заслужува семејство“, рече Присила Морс, „Никој не треба да биде отпишан затоа што има посебни потреби или затоа што работите ќе бидат тешки. Животот и онака е тежок и мора да се адаптираш и учиш, бидејќи овие деца навистина вредат“.

Од посвојувањето на Рајан, семејството посвоило уште едно девојче Џиџи од Украина, а Присила родила уште еден биолошки син Вил.

Оваа приказна е доказ дека со Божја помош се е можно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …