Хит комедијата ,,Обвинителка” на сцената на Националната опера и балет на 22 септември 2023

Тоа што многумина го посакуваа да го видат како театарска претстава веќе ќе имаат можност…. Хит комедијата ,,Обвинителка” на сцената на Националната опера и балет на 22 септември 2023 во 20.00 часот.

Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актулна тематика.


Автор на текст е Огнен Неделковски, Режисер,Сашо Ристовски, Сценограф е Крсто Богојевски, Костимографија,Елена Лука и Музика на Мишел Трајковски.

Улогите ги толкуваат: Лидија Вукиќевиќ (Србија), Магдалена Ризова-Черних , Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.


Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.
Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата.
По барање на публиката хит комедијата ,,Обвинителка” ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.
Претставата „Обвинителка“ е подржана од: Министерство за култура, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, НУЦК Центар за култура Штип, НУ Музеј на македонската борба, Компанијата Елена Лука, Тикен Холдинг и НУ Национална Опера и Балет.
Билетите за претставата се пуштени во продажба онлајн на mktickets и сите продажни места на mktickets низ цела држава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …