ГРАНД ДОНЕЛ ОДЛУКА ПО СМРТТА НА САША ПОПОВИЌ – Продукцијата ги откажала сите снимања, емисиите престанале да се емитуваат

Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ почина вчера, на 71-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Покојниот креативен директор на Гранде се лекувал во онколошкиот институт Густав Руси во Вилезиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари.
Овогодинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. Него го замени водителот Воја Недељковиќ, но цело време се консултираше со директорот иако не бил тука. Поповиќ бил свесен за сите настани што се случуваат на снимањето, па ја следел емисијата и и давал инструкции на екипата и покрај неговата лоша здравствена состојба.

Поради смртта на естрадниот маг и творец на најгледаниот ТВ-формат, синоќешната епизода на „Ѕвездите на Гранд“ била откажана и не се емитувала на Телевизија Пинк.


Гранд продукција исто така го откажала и сите снимања на емисијата за следната недела.

Детали за местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕМИЕРА НА ОФИЦИЈАЛЕН ВИДЕО ЗАПИС ЗА “ПРАВДА”
 – СУПЕРХИКС И 21ВЕК

Со големо задоволство ја најавуваме премиерата на официјалното музичко видео за синглот “Правда”, резултат на …