Ѓоко Таневски: „Пострашно нешто од жена што сама пие во кафана нема”

Во новата емисија на „Нешто конкретно” ни гостуваа девојките од групата „Фрајле”, а друштво им правеше нашиот Ѓоко Таневски. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери.

Ѓоко Таневски не би направил компромис за кариерата кога би ја ставил на вага со бракот, децата, или пак пријателите, а не би се одрекол ни од родителите кога тоа би било потребно за успешен брак. Човекот што го изгубил својот татко на 21 година и кој уште од таа возраст е заедно со својата сопруга, за неа ќе каже дека никогаш не му направила проблем во однос на неговата кариера, за одлучи не прашувал никого и терал по свое па задоволен е од тоа што го постигнал. Ѓоко Таневски не се плаши сам да ги носи своите одлуки, но затоа од пијани жени во кафана и те како му е страв – „Нема ништо пострашно од жена што сама пие во кафана”, рече тој.


Невена од „Фрајле” смета дека сите фактори се важни кога се работи за создавање на кариера, важни се мислењата на домашните, пријателите и соработниците, но секако вистинската одлука човек треба да ја донесе сам: „Не е дека не слушаме баш никого, но треба да се биде свој и да се знае сопствениот пат, не мора да значи дека сите треба да чекориме по иста патека” заклучи таа.

Емисијата ја започнавме со музика, но патот до успехот не е секогаш лесен како песна, како што гостите истакнаа, некогаш тој знае да биде и трнлив. Гледајте ја целата емисија на нашиот YouTube канал, а веќе следната ве очекува премиерно на Телма оваа недела во 17.00 часот Гледајте „Нешто конкретно”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …