(ФОТО) Жељко Бебек го слави својот 80-ти роденден, неговата сопруга му упатила емотивна честитка


Босанскиот музичар Жељко Бебек денес го слави својот 80-ти роденден.
Пејачот добил посебна честитка од својата сопруга Ружица, која споделила емотивна порака на социјалните мрежи.
На заедничката фотографија, каде што позираат со своите деца Катарина и Звоне, Ружица напишала:
„Среќен роденден љубов моја! Твоите први 80, а нашите 28. Каков крал си, татко на нашите деца, мое сè. Те сакам, знаеш сè, отсекогаш – засекогаш“, напишала таа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Ruzica Bebek (@pahuljicabebek)


Инаку, Жељко и Ружица се во брак од 2002 година, а заедно имаат две деца – синот Звонимир и ќерката Катарина. Бебек има и ќерка Силвија од првиот брак со Споменка и Бјанка од вториот брак со Сандра.
Ружица во тоа време имала само 18 години, додека Бебек 52. За почетокот на нивната врска таа рекла: „Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку некое заедничко дружење сфативме дека се допишуваме. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште можевме да се слушнеме на телефон, кога тој ќе ми се јавеше дома или ќе ми испратеше разгледница од пат. Тоа беа долги телефонски разговори и по некое време сфативме дека е убаво така“.


Жељко Бебек е сè уште еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, а неговиот јубилеј беше одбележан со бројни честитки од обожаватели и колеги.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛ ПОЗНАТ ТИКТОКЕР (31): Полицијата се сомнева дека момчето кое го обожаваа луѓе од целиот свет се самоубило – прошталната порака на неговиот брат ја крши душата

Такер Џанал имал околу 2,5 милиони следбеници на ТикТок, каде што бил познат по своите …