(ФОТО) Уникатен Астон Мартин за кој веројатно не сте слушнале

Во Бриџмонт, Англија, „оживеале“ еден многу интересен автомобил.
Станува збор за моделот Aston Martin Bulldong, концептуален автомобил направен во 1979. година во чест на инженерите на компанијата.
Classic Motor Cars неодамна најавил дека ќе го реставрира и ќе го врати во живот за 18. месеци.


„Сакаме да го вратиме овој автомобил во состојба во која некогаш беше, мислам дека ќе мораме да искористиме некои модерни технолошки компоненти за да успееме сето тоа да го изведеме. Се’ на се, сакаме тој да ја задржи орригиналноста – како однадвор така и одвнатре“, рекол Најџел Вудвард, директор на Classic Motor Cars.



После реставрацијата, планот е овој автомобил да се „натера“ до максималната брзина од 322 км/час, иако на тестирањето во 1981. година максималната брзина која ја развил била 307 км/час.
Станува збор за 5,3 литарски V8 мотор со 600 КС и максимален обртен момент од 678 Nm.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …