Се чини дека Том Брејди повеќе не ужива во сингл животот.
Пензионираниот американски спортист Том Брејди и познатата руска манекенка Ирина Шајк повторно се заедно, пренесува Page Six.
Седумкратниот шампион во Супер Боул и супермоделот тивко ја обновиле својата романса, која доаѓа повеќе од една година откако раскинале.
„Том и Ирина повторно почнаа да се забавуваат и се отворени да видат каде ќе одат работите“, изјавил извор за Page Six за славната двојка.
View this post on Instagram
Ирина до 2019 година беше во четиригодишна врска со Бредли Купер, со кој ја има седумгодишната ќерка Леа. Двојката по раскинувањето остана во одлични односи, а често може да се видат и нивните заеднички фотографии од одмор.
View this post on Instagram
Што се однесува до Брејди, тој и Жизел Бундхен се разведоа во октомври 2022 година по 13 години брак. Тие делат две деца, Бенџамин (15) и Вивијан (12). Брејди го дели и синот Џек (17) со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.
Брејди и Шајк првпат беа романтично поврзани во мај 2023 година, но нивната врска беше краткотрајна.
Фото: Архива