Покрај него, во актерската екипа се и Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, кој е нов член на ансамблот во Театар Комедија и негов уметнички директор. Сценографијата е на Инес Петрова-Бошкоска, костимите ги изработи Елена Лука, изборот на музиката, претежно класични нумери, како и една авторка тема, се на Гаро Тавитијан, а во живо на виолончело ќе ги изведува Дејан Цветковски.
Новото раководство на Театар Комедија – директорката Мирјана Поповска-Ристов и уметничкиот директор Сашо Ристовски, со оваа претстава почнуваат да пропагираат еднакво општество и влез во театар за сите. За таа цел за влегување во театарот се направени пристапни патеки за лица со инвалидски колички, за што од „Полио плус“ театарот добиле признание – знаменце за пристапност.
Првпат за оваа претстава во Театар Комедија ќе има и титл на текстот за глувонемите лица, а со жолти ленти ќе бидат обележани холовите за лицата со оштетен вид непречено да дојдат до малата сцена. За луѓе со хендикеп се приспособени и шалтерите на билетарницата како и шкафови од гардеробите. На големата сцена, пак, ќе бидат извадени неколку седишта за да се направи простор за инвалидски колички.
Режисерот Ристов, кој и досега повеќепати работел со лица со посебни потреби и од ранливи категории, вели дека и овој проект се вклопува во таа, како што вели, животна мисија да се занимава и’ со таа тема.
По денешната премиера, првата реприза на „Дони Дарк“ ќе биде на 29. септември.
До крајот на годината на сцената на Театар Комедија се планирани уште три премиери.
(ФОТО) Театар Комедија стартува со премиерата на „Дони Дарк“ и пристап за лица со хендикеп
Страни: 1 2
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни