Американската пејачка и глумица Селена Гомез, новогодишниот одмор, во луксузна вила во Мексико, го минува со пријателки…
Многу нешта и се случиле на Селена Гомез во изминатата, 2017.,година. минала операција, трансплантација на бубрег поради компликациите кои и ги задава автоимуната болест, лупус, раскинала со рнб музичарот The Weeknd, но и повторно се поврзала со својата прва љубов, пејачот Џастин Бибер.
Одморот во мексиканското Кабо Сан Лукас поради тоа и е и’ повеќе од заслужен. Серена во бањањето и сончањето ужива во друштво на пријателките Рејчел Стивенс, Кортни Бери и Ешли Кук, а на новиот-стар дечко му нема трага.

Американската миленичка, која по кусотрајната преобрзба во русокоса повторно е бринета, за плажа избрала црн едноделен костум и обетки.
Иако се зборува дека поради смирувањето со Џастин Бибер се скарала со мајка и, Гомез на новогодишниот одмор делува задоволно. Со пријателките престојува во приватна вила во која ноќевање, наводно, чини 18.000 долари.
Кон крајот на октомври со ДЏ Маршмел го објавила синглот „Wolves“ а за 2108. година најавила нов албум.
ekran платформа за слободоумни







