(ФОТО) СЕКОЈА ЖЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА САКАШЕ ДА ИЗГЛЕДА КАКО НЕА: Никој не знаеше низ каква агонија поминувала, поради она што ѝ го направил нејзиниот сопруг…


Линда Еванс имаше момент на слава што ја вивна до небото, проследен со настани што ја натераа да падне пониско од кој било
Немаше Југословенка која не ја обожаваше Кристал Каринтон во познатата серија „Династија“. Многумина се облекуваа како неа, одеа на фризер со желба да имаат иста фризура, но малкумина од нив беа свесни за пеколот низ кој поминуваше Линда Еванс.

По напуштањето на „Династија“, Линда делумно се повлече од глумата за да се фокусира на фитнесот. Таа основа мал синџир фитнес центри и продолжи да го живее својот „мал“ скромен живот далеку од очите на јавноста.


Линда Еванс денес полни 83 години, а видете како изгледа денес:

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)


Депресијата речиси ја уништи
Се омажи двапати, но немаше многу среќа во љубовта. Нејзиниот прв сопруг, Џон Дерек, ја изневерил со актерката Бо Дерек, која во тоа време била 30 години помлада од него.
Бо Дерек подоцна постојано изјавуваше дека жали што уништила брак на таков начин, но во своја одбрана останала со Џон Дерек до крајот на неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

И’ нејзиниот втор брак, со Стен Херман, заврши со развод по четири години брак, во 1979 година. Таа имаше и бурна едногодишна врска со музичарот Јани, кој ја охрабри да се подложи на козметичка операција.
Линда, која со години има проблеми со зависноста од лекови против болки, била уапсена во 2014 година за пребрзо возење под дејство на опијати, кога на задното седиште од нејзиниот џип бил пронајден куп апчиња. Потоа имала и контроверзно видео во кое таа нема ниту еден грам шминка и очигледно е под дејство на некои супстанции, но тоа вешто било криено во следните три години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evans (@lindaevansofficial)

Со години, актерката страдала од неописливи болки во грбот, кои биле толку силни што понекогаш помислувала да си го одземе животот. Ова ја принудило прекумерно да користи медицински помагала. Покрај тие физички болки, таа со години страдала и од депресија, а подоцна, поради терапија и агресивен третман за проблеми со грбот, се соочила со опаѓање на косата, што ја принудило да носи перика.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во природна големина – Во Лондон беше откриен ликот на Бриџит Џонс, Зелвегер рекла: „Ова не е нешто што го очекувате“

Хелен Филдинг и Рене Зелвегер се собрале на плоштадот Leicester Squareu за да присуствуваат на …