(ФОТО) По Инстаграм на Јелена Карлеуша и е затворен и профилот на TikTok

ТикТок профилот на ЈЕЛЕНА Карлеуша, кој неодамна го отворила, е затворен.
На социјалните мрежи е споделен скриншот од профилот на 46-годишната српска пејачка, кој моментално е недостапен. На TikTok сега се само нејзините фан-страници.


Нејзиниот профил неодамна беше деактивиран.
За потсетување, Инстаграм профилот на Јелена неодамна беше деактивиран. Таа сега е активна на Facebook и X.


Имено, пејачката во последните неколку недели се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите во Србија и Александар Вучиќ, поради кои беше покрената петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.
Здружението на граѓани „Еко Стража“ од Србија ова барање го испратило до компанијата „Мета“ поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми.

„Бараме од Мета суспензија на профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова се повеќекратни прекршувања на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирувањето и дезинформациите“, рекле претходно од „Еко Стража“, кои сега први објавиле дека на Јелена Карлеуша и е избришан и профилот на ТикТок .

Според нив, од почетокот на студентските протести во Србија, Карлеуша речиси секој ден споделувала десетици објави за поддршка на претседателот Вучиќ и отворено ги навредувала сите кои не се согласуваат со нејзиното мислење.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓубреџија пронашол куп хартии во ѓубре, а внатре имало МРАЧНИ ТАЈНИ НА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА која е во трка за Оскар: Го изневерила сопругот ДЕН ПРЕД СВАДБАТА, а мајка и ЈА ПРОДАЛА ЗА 500 ДОЛАРИ

Само неколку дена пред доделувањето на Оскарите, Деми Мур наместо да се фокусира на подготовката …