Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, три дена пред почетокот на Вимблдон, отпуштил двајца клучни луѓе во својот тениски тим, што предизвика шок во тениската јавност.
По помалку од една година, откако соработката започна во септември, Синер им предал откази на фитнес тренерот Марко Паничи и физиотерапевтот Улисес Бади.
Иако Синер објаснил дека станува збор за рутинска промена и дека само треба да промени нешто во кариерата, јасно е дека нешто посериозно стои зад сè бидејќи никој не прави толку радикален рез три дена пред почетокот на најголемиот турнир во светот на тенисот.
Особено затоа што му го предал орказот на физиотерапевтот, па затоа најдобриот тенисер во светот ќе дојде на овогодинешниот Вимблдон без човекот задолжен за неговото здравје.
🗣 #Djokovic: “Il cambio di #Sinner? Sorpresa anche per me”. #Sabalenka: “Sfinita da Jannik”
https://t.co/UsVb9PLVdO
— Tuttosport (@tuttosport) June 28, 2025
Одлуката го изненадила и Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер чии Паничи и Бадио беа соработници пред да се приклучат на тренерскиот штаб на Синер.
„И двајцата се феноменални професионалци кои ми помогнаа во успехот. Не ги знам причините за нивниот отказ, но исто така сум многу изненаден бидејќи мислам дека ја подобрија неговата физичка состојба во последната година“, рекол Ѓоковиќ пред почетокот на Вимблдон на прес-конференција.
Синер ја започна сезоната на трева на лош начин, губејќи од Александар Бублик веќе во второто коло од турнирот во Хале. Иако без двајца важни луѓе во тренерскиот штаб, Синер оди на Вимблдон како фаворит број еден и прв носител.
Фото: Архива
ekran платформа за слободоумни