Евровизија во Лисабон ќе ја водат четири жени

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија соопштија дека на манифестацијата што годинава ќе се одржи во Португалија, ќе има четири водителки, по критиките дека претходниот настан во Киев го воделе само мажи.
Критичарите на интернет лани ги бомбардираа организаторите затоа што Евровизија лани ја водеа тројца водители, нагласувајќи дека тој натпревар треба да ја слави разноликоста.
Евровизија оваа година ќе се одржи во мај во Лисабон и ќе ја водат четири жени. Една од нив, Даниела Руа, е „позајмена“ од американска забавна емисија, а другите три се познати лица од португалскиот шоу-бизнис – Филомена Каутела, Силвија Алберто и Катарина Фуртадо.Организаторите на Евровизија засега немаат дополнителен коментар околу оваа одлука.
Македонија е 43. учесник на 63. Евросонг кој идната година ќе се одржи од 8. до 12. мај во Лисабон, Португалија. Ова ќе биде 18. учество на Македонија на Евровизија. Допрва ќе се одлучува како ќе се избира македонскиот претставник за идната година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …