ЕДУКАТИВНА СТРИП РАБОТИЛНИЦА „ ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИНКЛУЗИЈАТА!

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!” од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови” на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.


Како дел од активностите во село Нежилово од 18 до 21.април ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани 12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови

Од подготвените дела ќе се публикува соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори.


На крај ќе се организираат и пет изложби во различни етнички и географски средини од државата.

Освен делата од оваа стрип работилница, ќе бидат претставени и најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема . Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …