Познат доктор објаснува како растот на вашите нокти може да биде клучен показател за тоа како стареете и колку долго ќе живеете…
Според тврдењата на докторот за долговечност, вашите нокти би можеле да ви дадат добар увид во тоа колку години живот ви преостануваат.
Д-р Дејвид Синклер (55) е познат во областа на генетиката по неговото истражување за човечкото стареење и начините за забавување на влијанието на времето врз телото. Тој предава биолошко стареење и преведувачка медицина на Медицинскиот факултет Харвард од 1999 година, па затоа знае многу за тоа како стареат луѓето.
Ноктите се показател за здравјето
„Стапката со која растат вашите нокти е навистина добар показател за тоа како стареете. Секој пат кога морам да ги средам ноктите, си помислувам: ‘Кога последен пат ги исеков ноктите?’“, изјавил д-р Синклер во една епизода од подкастот Lifespan.
Тој објаснил дека здравјето на вашите нокти може да открие многу за брзината со која вашето тело создава нови, здрави клетки и колку е побрз тој процес, толку подобро. Според д-р Синклер, брзото обновување на клетките значи дека имате помлада биолошка слика бидејќи како што луѓето стареат, овој процес значително се забавува.
„Тоа е резултат на студија од 1979 година, во која залепиле мали ленти за мерење на ноктите на луѓето и ги следеле низ годините. Следејќи илјадници луѓе, сега знаеме дека стапката на раст на ноктите се намалува за околу 0,5 отсто секоја година. Ако го измерите тоа, може да ви даде добар увид во вашата биолошка состојба”, рекол тој.
Д-р Синклер признал дека моментално не си ги мери ноктите, но внимава дали нивниот раст се забавува. Неговиот колега Метју Ла Планте исто така призналдека не води сметка за должината на ноктите, велејќи: „Ги гризам ноктите, иако знам дека тоа е лоша навика“.
Ако вашите нокти сè уште растат брзо во споредба со просечниот раст на ноктите на другите луѓе на ваша возраст, тоа значи дека веројатно стареете побавно.
„Како што старееме, нашите тела произведуваат помалку природни протеини кои ги сочинуваат ноктите, што ги прави кршливи, суви и лесно се кршат. Овие протеини се присутни и во косата, така што може да забележиме и промени во структурата на косата како што старееме“, објаснил д-р Мишел Хенри, пренесува LadBible.
Фото: Архива