Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги повикува сите надлежни институции да му помогнат на уметникот Златко Крстевски.
Претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска во својата објава вели: За жал има и други ликовни уметници кои се во ваква или слична состојба. Ликовното творештво претставува процес на создавање на ликовни дела, но, исто така мотивирачки за самиот автор е и продажбата на неговите дела бидејќи тоа е начин на егзистенција.
– Купувајте слики од уметниците!
– Повик до сите општествено одговорни компании да купуваат слики од ликовните уметници !
– Министерство за култура / Ministria e Kulturës да размисли за можноста да го активира конкурсот за откуп на ликовни дела кој беше активен во самото Министерство за култура!
– Министерство за труд и социјална политика исто така да проба да изнајде начин како да помогне!
– Општина Прилеп и градоначалникот на град Прилеп да изнајдат начин како да помогнат!