Фото: https://www.facebook.com/203454108619/photos/pb.100034999571505.-2207520000/10159354876293620/?type=3

На денешен ден е роден Зоран Шоров, еден од најуспешните македонски борачи на сите времиња


Зоран Шоров е роден во Штип на 17 ноември 1961 година. Тој е македонски борач, член на БК Балканец од Штип и државен репрезентативец. Шоров бил двапати прогласуван за најдобар спортист на Македонија, во 1987 година и во 1991 година, најдобар спортист на XX век на град Штип, Великан на МОК во 2003 година, носител е на национално спортско признание во 2009 година.

Зоран Шоров е учесник на три олимпијади:


  • 1984 година Лос Анџелес;
  • 1988 година Сеул;
  • 1992 година Барселона.

Тој е носител на следниве медали:

  • Сребрен медал на Европското првенство во борење во слободен стил, во 1987 година во Велико Трново – Бугарија;
  • Бронзен медал на Европското првенство во борење во слободен стил, во 1991 година во Штутгарт – Германија;
  • Сребрен медал на Средоземните игри во 1983 година во Казабланка – Мароко;
  • Сребрен медал на Средоземните игри во 1991 година во Атина – Грција;
  • Сребрен медал на Балканско првенство во 1977 година во Атина – Грција;
  • Бронзен медал на Балканско првенство во 1978 година во Крајова – Романија.

Среќен роденден Зоран, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …