Нино Леви е роден на 19 јануари 1960 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер.
Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Георгиевски и проф. Слободан Унковски, во 1987 година.
Од 1989 година е вработен во Македонски народен театар – Скопје.
Остварил огромен број на театарски, филмски и телевизиски улоги, а добитник е на наградата за најдобар актер за 2008 година на „Златна Бубамара на популарноста“.
Среќен роденден Нино, ти посакува редакцијата на Екран.