(ФОТО) СОВЕТИ – Еве како да се ослободите од вишокот кожа по губење на тежината


Губењето на вишокот килограми е голем успех, но по значително губење на тежината, многумина се соочуваат со проблемот на вишок кожа, особено на стомакот и градите. Кожата е еластичен орган, но ненадејното губење на масно ткиво може да доведе до опуштена кожа која тешко се враќа во првобитната состојба.
Еден од клучните совети е бавно губење на тежината. Идеално е да се губи околу 1 килограм неделно, за кожата постепено да се адаптира и со цел да се зачува мускулната маса. Исто така, важно е да се пие доволно течност – најмалку два литра дневно, бидејќи водата ја одржува еластичноста на кожата.
Зголемувањето на мускулната маса е одличен начин за затегнување на вишокот кожа. Мускулите под кожата помагаат да се „пополни“ просторот претходно зафатен од маснотии, правејќи ја кожата поцврста и поздрава.
За да се подобри еластичноста на кожата, корисно е да се вклучат рибино масло, протеини, овошје и зеленчук во исхраната и да се престане со пушење. Овие навики ја зајакнуваат кожата и помагаат во зачувувањето на младешкиот изглед.
Со комбинирање на бавно губење на тежината, зајакнување на мускулите и здрави животни навики, можно е да се намали вишокот кожа и да се одржи телото поцврсто и поздраво по значително губење на тежината.

Фото: Pixabay


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТАА ИМА 61 ГОДИНА И НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛА ПОДОБРО: Еве како Мишел Обама успеала да се подмлади за 20 години!

Поранешната прва дама на Америка е неверојатна со нов изглед кој често ја прави да …