Дипломиран заводник: Хороскопски знак од чиј шарм треба да се чувате

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Кога ќе помислите кој, од сите 12. знаци на зодијакот, би можел да биде мајстор на заведување и „кршење“ срца, тие би требале први да ви паднат на памет.
Станува збор, секако, за огнените и темпераментни Лавови.
Лавовите секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, во друштво се најгласни, а кога некој ќе им се допадне тоа го покажуваат и повеќе од јасно. Вистински заводници се и вешти љубовници па ретко кој не паѓа на нивниот шарм. Но, токму тоа може да биде и проблем.
Имено, иако се многу верни, заштитнички настроени и срдечни кога во некого вистински ќе се вљубат, додека тоа не се случи Лавовите се главно женкари и превртливци кога станува збор за љубовта.
Им годи вниманието кое го добиваат кога некој ќе се вљуби во нив „преку уши“, но тоа после некое време знае да им здодее па си одат без објаснување. Поради тоа, ако влегувате во врска со лице родено во знакот на Лав, најдобро е да не го опсипувате со експлозии од емоции, туку е подобро да останете мистични се’ додека не видите дека и тој е стопроцентно вљубен во вас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …